Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Андоновски: Крводарителите да се ослободат од плаќање паркинг на просторот на Клиника

Андоновски: Крводарителите да се ослободат од плаќање паркинг на просторот на Клиника
Img 7972

На денешната седница на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски го поздрави досегашното кратко работење на Градски паркинзи и побара како дел од субвенциите да бидат предвидени средства за ослободување од плаќање на паркинг на крводарителите на просторот на клиничка болница.

„ Го поздравувам тоа што во првата недела се започна со чистење на паркинзите изминатите години не бевме научени дека паркинзите може да бидат и чисти па можеби и тоа е дел од развојната компонента“, нагласи Андоновски.

Тој апелираше да бидат предвидени средства за предизборно ветување а тоа е ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница.

„ Она што би сакал да апелирам сега како дел од овие субвенции да бидат предвидени средства од овие субвенции за едно предизборно ветување кое што ние го имавме како советничка група а тоа е за ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница. Имено праксата коај што беше воспоставена до 2017 година е крводарителите во трансфузиологија да бидат ослободени од еден час паркинг или два часа паркинг колку што е потребно да ја напрват оваа хумана дејност но претходниот градоначалник Петре Шилегов заедно со раководството во паркинзи ја укинаа оваа можност и крводарителите плаќаа паркинг четири години, јас сум еден од нив таму има и други категории на лица кои што би можеле да бидат ослободени од паркинг, па така апелирам да управниот одбор на Градски Паркинг го разгледа ова прашање кога ќе ја разгледува програмата за работа за оваа година и да го предвиди, заклучи Андоновски.

Можете да прочитате

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва