Утрински Весник
Спорт

Англичаните притискаат финалето да не се игра во Истанбул

Англичаните притискаат финалето да не се игра во Истанбул

Навивачите на Манчестер сити и Челси нема да можат да патуваат во Истанбул, каде на 29.мај ќе се одигра финалето во Лигата на шампиони, објави Владата на Велика Британија.

Турција се наоѓа на црвената листа, поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот.

Планот на УЕФА беше клубовите да добијат по 4.000 влезници, а 2.000 влезници да им бидат поделени на неутралните навивачи. Со одлуката на Владата на Велика Британија, овој план пропадна.

Ова само уште повеќе ќе ги засили притисоците кон УЕФА, кои доаѓат од Англија, финалето да се одигра во оваа земја.

Астон Вила веќе се понуди да биде домаќин на финалето, но многу пореална е опцијата завршниот меч во Лигата на шампиони да биде одигран на најголемиот англиски стадион „Вембли“.

> Англичаните притискаат финалето да не се игра во Истанбул <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара