Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Англичаните „потенки“ во дефанзива против Андора и Унгарија!

Англичаните „потенки“ во дефанзива против Андора и Унгарија!
Img 7972

Селекторот на селекцијата на Англија, Герет Саутгејт денеска го бјави списокот на фудбалери на кои ќе смета за двата натпревари од октомвриските квалификации за СП 2022 против Андора, односно Унгарија.

Во тимот поради повреда ќе ги нема капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајр и неговиот колега од одбраната, Трент Александер-Арнолд – дефанзивецот на Ливерпул.

Изненадување претставува што на списокот на Саутгејт го нема играчот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, додека поради повреда отпаднаа Патрик Бамфорд (Лидс), односно Доменик Калверт Луин (Евертон).

Нови во составот се голманот Рамсдејл и стоперот на Милан, Томори.

Во националниот тим се враќа и напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, пренесува „Скај спорт“.

Голмани: Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл

Дефанзивци: Конор Коуди, Рис Џејмс, Фикајо Томори, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стоунс, Киран Трипие и Кајл Вокер.

Среден ред: Џордан Хендерсон, Џеси Лингард, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклен Рајс и Фил Фоден.

Напаѓачи: Џек Грилиш, Хари Кејн, Букајо Сака, Џејдон Санчо, Рахим Стерлинг и Оли Воткинс.

Мечот нагости против Андора е на 9. идниот месец, а три дена подоцна Унгарија гостува на „Енфилд“.

> Англичаните „потенки“ во дефанзива против Андора и Унгарија! <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион