Утрински Весник
Свет

Англичаните нема да ја откажат прославата на Божик

(Видео) Се заглави Тауербриџ, механички проблем предизвика хаос во Лондон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот министер за правда Роберт Бакланд изјави дека владата не сака да го откаже Божик, но исто така истакна дека е важно луѓето да ги планираат своите прослави имајќи ги предвид правилата.

Бакланд го изјави тоа како одговор на коментарите на надбискупот од Кантербери, Џастин Велби, кој рече дека правилото му штети и влијае на семејниот живот, пренесе „Би-би-си“.

„Мислам дека никој од нас во владата не сака да биде Оливер Кромвел во овој поглед – сакаме да видиме како семејствата го слават Божик на безбеден и среќен начин и сакаме да видиме како нашите цркви и други места за богослужба се приклучуваат на таа прослава“, рече Бакленд во програмата Тудеј на Би-би-си радио 4.

Тој додаде дека Божик нема да биде откажан, но дека правилата се нешто што е јасно и важно, пренесува „Танјуг“.

„Мислам дека се обврзавме на тоа и мораме да се држиме на тоа“, рече Бакланд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање