Утрински Весник
Македонија

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати резултати. Веќе две години не можеме да зборуваме за резултат. Ова на денешниот брифинг како што пренесуваат бугарските медиуми го истакнал Ангел Димитров копретседателот на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Северна Македонија.

„Се надевавме дека нешто може да се промени. Тоа го направивме за да може да се постигне договор, но вчера попладне нешто се промени и нашите колеги од РСМ се вратија на старите позиции. Нашите колеги не можат да дозволат размислување за заедничка историја и за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“, рече Димитров.

Според него, Македонците како што вели, не покажуваат никаква желба да имаат заедничко чествување на заеднички личности.

„Нашата желба да излеземе од ќорсокакот декларативно ја поддржуваат нашите колеги, јавно се кажуваат работи кои навистина немаат врска со работата на заедничката комисија, рече историчарот и посочи дека не гледа никаква желба од страна на РСМ.

„За жал, сите наши обиди да направиме чекор напред застанаа. Наводите на РСМ потонаа во јамата на безволност ископана од нив, заклучи тој.

Можете да прочитате

Приведен тетовец за издржување едногодишна затворска казна

Го убил татко му па лажел дека паднал во бањата, уапсен млад гостиварец

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг