На прес-конференција пред мечот Македонија и Естонија кој започнува утре во 15 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот, Иван Тричковски ги искажаа своите очекувања од овој меч.
„Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нации. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место. Втората можност пак да бидеме шампиони во ова натпреварување мора да не мотивира. Од утре настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите. Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот на располагање. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот“ – рече Ангеловски пред новинарите.
И Тричковски посочува дека сите во репрезентацијата се истрошени.
„Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Од АЕК ни честитаа мене и на Спировски и многу се горди и чест им е што ќе ги претставуваме на Европското првенство. Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата“ – изјави Тричковски.
Фото: ФФМ
> Ангеловски и Тричковски едногласни: Одиме на победа против Естонија <