Утрински Весник
Економија

Ангеловска: 631 бескаматни кредити се одобрени со Ковид 1 линијата на Развојната банка

Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во овие фирми, како што посочува таа на својот Фејсбук профил, работат 5.588 вработени.

По структура од вкупно одобрените кредити: 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени,
22 отсто се за мали фирми со до 50 вработени и 1 отсто се за средни компании со до 250 вработени

Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 во висина од осум милиони евра, соопшти Ангеловска.

Повеќе информации за оваа линија на bit.ly/8-milioni-beskamatni-krediti. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра