Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Ќе се дизајнираат мерки како што ќе има потреба, никој нема да биде оставен сам

Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Ќе се дизајнираат мерки како што ќе има потреба и ќе им се  помага на сите. Никој нема да биде оставен сам на себе, порача министерката за финансии Нина Ангеловска по предвидувањата на првиот човек на Стопанската комора дека во мај и јуни се очекува уште потешок период за компаниите.

– Мерки ќе се дизајнираат како ќе се јавува потреба во зависност од развојот на ситуацијата меѓутоа важно е дека веќе се разговара и за олабавување на мерките, се разговара за конкретни протоколи за сите сектори и индустрии како би работеле и за наскоро враќање на животот во нормала, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ангеловска посочи дека наскоро се очекува да бидат објавени податоците за реализацијата на приходите во април и оти засега земјава се движи во рамки на првото сценарио кое е најблиску до она на Меѓународниот монетарен фонд.

– Засега се движиме во проекциите. Кај одредени даноци дури имаме и подобра реализација отколку предвидената во првото сценарио, истакна Ангеловска. бак/са/

.

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година