Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со Домашната платежна картичка

Ангеловска дел од Акциската група против Ковид 19 на Светскиот економски форум

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка. Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Како што наведува дека Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема,  продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.

-Бирајте ги производите со “Купувам домашно” кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност, наведува министерката.

Прометот од македонски производи е дефиниран во правилникот за фискалните сметки https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/posts/291701392207063 скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија