Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата

Министерката Ангеловска на финансискиот форум „Еуромани“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

-Досега доделена поддршка: Април: 21.215 компании и  5.579 самостојни вршители на дејност; Maj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност, наведува министерката на Фејсбук.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна