Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ

Ангеловска: Буџетот е во добра кондиција, интересите на граѓаните пред политичкото поентирање

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Дополнителната заменик министерка за финансии има целосен увид во работата на Министерството за финансии, а голем дел од ресурсите на Министерството се ангажирани само во одговарање на барања на дополнителната заменик министерка. Министерството за финансии работи најтранспарентно од кога и да за што сведочи отворањето на голем број од информациите за целата јавност, како Трезорот, извршувањето на капиталните инвестиции по буџетски корисник, обврските на институциите, фондовите, општините и други алатки за транспарентност, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска во писмена реакција на прес-конференцијата на дополнителната заменик министерка Гордана Кочоска-Димитриеска.  

Во реакцијата Ангеловска наведува дека нејзиниот кабинет е отворен за дополнителната заменик министерка и дека пред неколку недели на иницијатива на министерката, двете имале средба на која разговарале и за соработката, бидејќи според министерката во интерес на граѓаните е конструктивност.

-Во насока на транспарентноста за која се залагаме како Министерство, како и организирање на фер и демократски избори, а согласно законот за Влада на Република Македонија, сите акти и документи кои ги продуцира Министерството за финансии – се доставуваат до дополнителниот заменик министер. Сите барања кои се доставуваат од Кабинетот на дополнителната заменик-министерка се одговараат стручно и професионално од секторите, согласно законите, вели Ангеловска.

Таа посочува и дека значаен дел од капацитетите на секторите се ангажирани само за одговарање на барањата, и дека голем дел од барањата физички не можат да се испорачаат во еден ден како што се побарува во дел од нив. -Ова секако влијае и на динамиката на редовната работа на секторите, додава таа. 

-Дополнителната заменик министерка ги добива на редовна основа и на ист начин на кој јас ги добивам сите информации, документи, материјали кои се изготвуваат од Министерството за финансии и кои се разгледуваат на редовна седница на Влада, како и сите мислења изготвени од секторите на Министерството за финансии за сите материјали, акти,  документи и информации од други министерства и органи на власта, кои се разгледуваат на дневен ред на секоја седница на Влада. Со ова не само што има целосен увид на работата на Министерството за Финансии, туку има и преглед врз работата на Владата, посочува Ангеловска во реакцијата. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија