Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Буџетот на здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Ангеловска: Буџетот на здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, рече во гостување на емисијата Економски магазин министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање за способноста на буџетот да одговори на новите потреби поврзани со коронавирусот.

  Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набавува дополнителна заштитна опрема, за сето тоа, во моментот нема потреба од користење резерви од преземање средства од други министерства, затоа што Министерството за здравство има така скроен буџет за да може да одговори и на ваква состојба, рече Ангеловска.

Таа посочи дека најопасното нешто е паниката, и дека е потребно да бидеме будни и координирани. Рече дека во Министерството за финансии веќе има состаноци, како и со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија, кои всушност се дел од планирањето и предвидувањето и следењето во Министерството за финансии, без разлика на ситуацијата. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители

МЕРМС го одбележа Денот на рударите: Почит кон трудот денес, визија за модерно рударство утре