Утрински Весник
Економија

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 март 2020 (МИА)Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска оценува дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот Ковид-19 на глобално ниво.

– Билансите на банкарскиот систем упатуваат на здрави фундаменти. Во 2008 година, кога глобалната економија се соочи со криза, адекватноста на капиталот на нашите банки беше пониска отколку сега – тогаш изнесуваше околу 16 проценти, а сега е 17 проценти, што претставува простор за справување со евентуални шокови. Ликвидноста, исто така, сега е повисока отколку во преткризниот период во 2008 година, а многу е важно што и профитабилноста на банкарскиот систем е на солидно ниво, бидејќи ако има потреба за докапитализација заради поддршка на кредитната активност, банките имаат интерен потенцијал да ја обезбедат, рече Ангеловска-Бежоска, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М, во коешто акцентот беше ставен на можните ефекти од ширењето на вирусот ковид-19 врз економијата.

Ангеловска-Бежоска посочи и дека, сега, квалитетот на активата на банкарскиот систем е многу подобар отколку во периодот пред последната глобална економска криза, што јасно се согледува преку пониското учество на нефункционалните во вкупните кредити. Како што кажа таа, тоа се движи околу 4,8 проценти со што на регионално ниво, во споредба со другите економии, е и едно од најниските учества на нефункционалните во вкупните кредити.

Сето ова, како што кажа гувернерката, претставува илустративен показател дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво.

Ангеловска-Бежоска подетално се осврна и на можните ефекти на ширењето на вирусот врз глобалната економија, пред сѐ, заради значењето коешто го има кинеската економија за глобалните економски движења. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра