Утрински Весник
Македонија

Анализа на Порталб.мк: Долга листа на проекти од Буџетот за 2021-железница, гасификација, клинички центри

ФООМ ќе обезбеди 148.000 евра локална поддршка за ранливи групи на граѓани за справување со последиците од ковид кризата

Завршувањето на реконструкцијата на железничката пруга на Коридорот 10, изградба на локални патишта, изградба и обновување на источниот дел од железничката пруга – Коридор 8, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, најава за изградба и реконструкација на здравствени установи, на училишта и студентски домови – долга е листата на проекти што треба да се остварат во буџетската 2021 година.

Порталб.mk објавува детали од „Развојната компонента“ на новиот Буџет – што се  планира да се изгради и колку пари ќе се потрошат. Кој и колку пари ќе троши за капитални инвестиции, модернизација на комуникациските системи, како и сајбер одбрана преку развојниот дел на Буџетот. За Министерството за одбрана се планирани 2,5 милиони евра. Дополнително за реконструкција и адаптација на дотраените објекти на армијата како и за подобрување на условите за функционирање и извршување на работните задачи предвидени се 4,8 милиони евра. Досега највисока сума од 44 милиони евра е планирана за Интеграција во НАТО – пари за модернизација и опремување на АРМ според стандардите на НАТО Алијансата.

За реформи во полицијата Министерството за внатрешни работи ќе има на располагање 7,5 милиони евра, а за реформи во казнено-поправните установи се одвоени 3,2 милиони евра. МВР за Интреграција во НАТО ќе добие 130.000 евра. Големи суми на пари, главно обезбедени од заеми, се планираат за општините, конкретно преку Министерството за финансии, за Проектот за подобрување на општинските услуги за што се планирани 13,5 милиони евра. За рурален и регионален развој преку МФ се планирани вкупно 11,5 милиони евра.

Гасификацијата повторно е проектирана и во новиот Буџет, преку повеќе ставки и ресори. Конкретно преку Министерството за економија за гасификација – дополнителни инвестициони вложувања и трошоци за проектите кои се во тек на реализација и градба на Магистрален гасовод Штип-Неготино, Неготино – Битола и Скопје – Гостивар), како и трошоците за идните проекти поврзани со гасификацијата се резервирани средства во износ од 2,3 милиони евра.

За поддршка на развојот на мали и средни претпријатија преку ова министерството ќе се потрошат 813 000 евра. Вложувањата во слободните економски зони се дел и од новиот Буџет, па така за изградба, опремување, доуредување на ТИРЗ, преку Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, планирано е да се потрошат 8 милиони евра. Преку Министерство за животна средина и просторно планирање планирани се два проекта за хидросистемот Дојранско Езеро и за новиот систем за наводнување Паљурци, резервирани се скоро 540.000 евра, а за колекторски систем – 1,9 милиони евра.

Со милионски суми за капитални инвестиции ќе раполага Министерството за транспорт. Конкретно за инвестиции во железничката инфраструктура планирани се речиси 36 милиони евра, за гасификација 12,2 милиони евра, за изградба и реконструција на водоводни и канализациони системи – 7,1 милион евра, а за водовод и канализација за општините се резервирани 3,7 милиони евра.

Дел од новиот Буџет повторно е изградбата на водовод и канализација во Визбегово во износ од 1,9 милиони евра, со што се заокружува финансиската поддршка за економската зона во Визбегово. Хидросистем Злетовицакој е стратешки за 100.000 жители во североисточниот дел на државата, преку Министерството за земјоделство и шумарство се планирани 2,4 милиони евра, додека за Хидросистемот Лисиче се одвоени 400.000 евра. За реконструкција и реновирање на постојните детски градинки како и за опремување на новоизградените, преку Министерството за труд и социјална политика ќе се одвојат 1,1 милион евра, а за поттикнување на вработувањето преку Оперативниот план за вработување, се резервирани 8,7 милиони евра. Министерството за образование е во групата на оние кои ќе располага со поголеми  износи за трошење водина. Така, за изгарадба и за реконструкација на основни училишта како и за изградба на спортски сали во основни училишта вкупно се планирани 13 милиони евра. За изградба и за реконструкација на средни училишта како и за изградба на спортски сали во средни училишта ќе се потрошат 930.000 евра а за реконструкција на ученички и за за реконструкција и изградба на студентски домови планирани се 2,2 милиони евра. Дополнително, за енергетско обновување на студентски домови одвоени се уште 1,7 милиони евра.

На листата на министерства со поголеми суми за капитални развојни проекти е и Министерството за здравство. За реконструкација и доградба на јавните здравствени установи догодина треба да се потрошат 3,2 милиони евра, за медицинаска опрема 4,2 милиони евра, за општа болница во Кичево одвоени се 1,2 милиони евра, а за изградба на нов клинички центар во Скопје и во Штип скоро 5 милиони евра. Во однос на годинава капиталните инвестиции во 2021 та година се зголемени за 20 отсто.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот