Утрински Весник
Економија

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Анализата за екстра лесното горива е во завршна фаза. Се очекува финална проверка и таа да биде објавена, ако е можно и додека трае вонредната состојба. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска на прес-конференција, додавајќи дека ова е прашање што долго време се провлекува и се дискутира, но дека се работи за системско решение кое треба да значи решение на долг рок.

-Ние бараме начини, разгледуваме дали е воопшто законски возможно да се носи ваква одлука во време на вонредна состојба, бидејќи ефектите и анализите се јасни дека на ова прашање треба да се најде решение со оглед на значајноста за животната средина пред се, а потоа секако и за евентуално влијание врз приходната страна  на буџетот, рече министерката.

Таа додаде дека анализата прикажува дека околу 30 проценти од вкупната потрошувачка  е од страна на јавните институции, тоа се училишта, градинки, јавни здравствени установи итн, додека 70 проценти се приватните компании, во кои потрошувачи се и фабрики и млекари  пекари и секако во овој дел имаат удел и бензиските станици.

Министерката вели дека во анализата има лепеза здружена од три мерки што треба да бидат преземани наеднаш како сет.

-Едниот предлог е постепено во рок од 18 месеци покачување за да се остави период за транзиција, другиот предлог е изедначување на квалитетот во исто време со  изедначување на износот на акцизата и во исто време со воведување на механизам за поврат на оние коишто ја користат за крајната употреба, која што е определена. скс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена