Утрински Весник
Свет

Амнести интернешенел: Русија изврши воено злосторство во Харков

Амнести интернешенел, ја обвини Русија за воени злосторства за време на обидот да го заземе Харков, град во североисточна Украина, пренесуваат агенциите.

Во новиот извештај од 40 страници, Амнести ја документира наводната употреба на касетна муниција и други недискриминирачки средства за напад, пишува Си-Ен-Ен.

„Постојаното бомбардирање на станбени области во Харков се неселективни напади во кои стотици цивили се убиени и повредени. Тоа е воено злосторство“, се вели во извештајот.

Амнести наведува дека документирала седум напади во различни области на Харков, каде што пронашле остатоци од касетна муниција 9N210 или 9N235“.

Можете да прочитате

Цената на природниот гас се покачи за 25 отсто по нападот од Иран на Катар

Хамнеи: Иран нема да преговара!

ЕУ повикува на воздржаност на Блискиот Исток