Утрински Весник
Свет

Америка со порака: Веднаш да запрат ракетните напади врз Израел

Америка со порака: Веднаш да запрат ракетните напади врз Израел

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека ракетните напади врз Израел од Појасот Газа треба веднаш да се запрат.

Тој ги повика сите страни да ги преземат неопходните чекори за намалување на тензиите.

„Ние сме многу фокусирани на ситуацијата во Израел, Западниот брег и појасот Газа и сме длабоко загрижени за ракетните напади од појасот Газа кои мора веднаш да бидат запрени“, рече Бликен пред состанокот со јорданскиот министер за надворешни работи Аиман Сафади кој ги повика Соединетите Американски Држави да играат водечка улога и да придонесат за намалување на насилството, пренесува Ројтерс.

Во Израел се зголемија тензиите во изминатите денови, а само синоќа најмалку 20 лица загинаа во израелски ракетни напади врз појасот Газа, вклучително и девет деца, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека агенциите јавуваат дека повеќе од 60 лица биле повредени во нападите.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд