Утрински Весник
Економија

„Американ Ерлајнс“ најави укинување на 19 илјади работни места

„Американ Ерлајнс“ најави укинување на 19 илјади работни места
Dik 300x250 mk

„Американ Ерлајнс“ соопшти дека ќе укине 19 илјади работни места во октомври, кога ќе заврши владината програма за помош на платите, наменет за авио-компаниите за време на пандемијата на коронавирус.

Најголемата авио-компанија во светот соопшти дека по тие откази и доброволни заминувања, бројот на вработени ќе биде за 30 проценти помал од колку што бил во март, пред пандемијата.
И останатите авиопревозници предупредија на слични големи отпуштања, поради падот на воздушниот сообраќај.

Американската „Јунајтед Ерлајнс“ минатиот месец објави дека се загрозени дури 36.000 работни места. Германската „Луфтханза“ предупреди дека би можела да укине 22.000 работни места, а „Бритиш Ервејз“ 12.000.

Поради укинувањето на работните места во авиокомпаниите предизвика предупредување дека поради влијанието на пандемијата оваа година, авиокомпаниите ширум светот ќе забележат загуба од над 84 милијарди долари.

Во САД, според условите за добивање државна помош на авиокомпаниите во висина од 25 милијарди долари, беше забрането до 30 септември значително намалување на работните места.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица