Утрински Весник
Свет

Американците тврдат: Ким Џонг-ун сè уште прави нуклеарно оружје

Американците тврдат: Ким Џонг-ун сè уште прави нуклеарно оружје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новите сателитски снимки покажуваат неодамнешна активност во непријавена фабрика во Северна Кореја, за која истражувачите се сомневаат дека се користи за правење нуклеарни боеви глави.

Снимките на компанијата „Планет лабс“ ги анализирале експерти од Институтот за меѓународни студии во Мидлбери, кои веруваат дека објектот лоциран во селото Воло-ри недалеку од Пјонгјанг е поврзано со севернокорејската нуклеарна програма и сè уште е активна, пренесува „Си-ен-ен“.

„Фабриката ги има сите карактеристики на нуклеарна централа во Северна Кореја, како што се мерките за безбедност, сместувачките капацитети, спомениците на необјавени посети на водачите и подземните објекти. Покрај тоа, таа се наоѓа веднаш до фабриката за флаширана вода која нема ниедна од тие карактеристики“, рече Џефри Луис, професор во Институтот Мидлбери, кој го подготвува извештајот.

Тој додава дека фабриката е многу активна и дека не ја забавила својата работа дури и за време на нуклеарните преговори, кои во моментот се во застој.

„Тие сè уште произведуваат нуклеарно оружје“, рече Луис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД „не се плашат од чизми на земја“ во Венецуела

Реакции на Париз, ОН, Данска, ЈАР по воената операција на САД во Венецуела

Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела