Утрински Весник
Свет

Американците да не патуваат во Грција поради ризикот од Ковид-19, предупреди Центaрот за превенција од болести

Американците да не патуваат во Грција поради ризикот од Ковид-19, предупреди Центaрот за превенција од болести

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупреди американските граѓани да не патуваат во голем број земји поради зголемениот број на заразени во тие држави од Ковид-19, вклучувајќи ги на списокот Грција, Малта и Ирска, објавија агенциите.

Меѓу земјите што американскиот центар не ги препорачува за патување се Иран, САД, Девствените Острови, Либија, Казахстан, Андора и Лесото.

Голем број на заразени со Ковид-19, меѓу другите земји како што предупредува Центарот, имаат и Мартиник, островот Свети Бартоломеј во Малите Антили, Курасао и Островот Ман.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста