Утрински Весник
Спорт

Американски гимнастичарки бараат отштета од милијарда долари од ФБИ поради сексуална злоупотреба

Повеќе од 90 американски спортистки, предводени од повеќекратната олимписка победничка Симон Бајлс, кои биле жртви на сексуална злоупотреба од докторите на американската репрезентација во гимнастика, бараат отштета од милијарда долари од ФБИ. Агентите на ФБИ во 2015 година биле запознаени со обвинувањата за сексуална злоупотреба на гимнастичарките, но не преземале ништо за овој случај.

Докторот на репрезентацијата, Лари Насар, уште една година продолжил со злоупотребата на спортистките, а беше уапсен во 2016 година по пријава за злоупотреба на Универзитетот Мичиген.

Според законите во САД, ФБИ мора да ја исплати отштетата во рок од шест месеци, а ако не се случи тоа, случајот ќе биде предаден на суд.

> Американски гимнастичарки бараат отштета од милијарда долари од ФБИ поради сексуална злоупотреба <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен