Утрински Весник
Свет

Американските сили извршија антитерористичка операција во северозападна Сирија

Американските сили извршија антитерористичка операција во северозападна Сирија
Dik 300x250 mk

Американските сили за специјални операции денеска успешно извршија антитерористички операции во северозападна Сирија, соопшти Пентагон, додавајќи дека во нападот нема жртви на САД.

Од друга страна, жителите на северозападниот сириски град Атмеа и бунтовниците кои се борат против сириската влада тврдат дека во двочасовната операција имало неколку цивилни жртви, наведувајќи дека нападот најверојатно бил насочен кон џихадист, наводно поврзан со Ал Каеда.

– Американските сили за специјални операции под контрола на Централната команда на САД извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна, се вели во соопштението на портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

– Немаше американски жртви. Повеќе информации ќе бидат дадени веднаш штом ќе бидат достапни – се додава во соопштението.

Жителите на Атме рекоа дека рацијата се случила околу полноќ во густо населена област во близина на границата со Турција, каде што десетици илјади раселени Сиријци живеат во импровизирани кампови или преполни станбени единици.

Еден жител рече дека неколку луѓе загинале во нападот, додека други велат дека спасувачите извлекле најмалку 12 тела, меѓу кои и деца и жени, од урнатините на катната зграда.

Можете да прочитате

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини