Американците сè уште се поделени дали треба да носат заштитна маска за лице, претворајќи ја дилемата во политички став, а познатите личности апелираат до своите следачи на социјалните мрежи да носат маска на јавни места заради нејзината вистинска намена – да се спречи понатамошно ширење на Ковид-19.
Актерите Џенифер Анистон, Рис Вајтерспун и Патрик Демпси неодамна на својот Инстаграм постираа селфиња со маска на лицето, користејќи го хаштагот #wearadamnmask (носи проклета маска).
Вајтертерспун напиша: Носењето маска не е политичка изјава. Тоа значи дека се грижите за здравјето и безбедноста на другите луѓе. Бидете одговорни, ставете маска! #Wearadamnmask
САД бележат рекорден пораст на заболени од Ковид-19. Според неодамнешен извештај, заразени се 2,7 милиони луѓе, а починати 127. 000.
Но, некои Американци носењето маска го сметаат како повреда на индивидуалните права. Дури и претседателот Доналд Трамп сè уште не е фотографиран во јавност со маска.
Текстот Американските селебрити-личности ги охрабруваат луѓето да носат маска е превземен од МАКФАКС.