Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Американска армија: Признаваме дека убивме цивил

Американска армија: Признаваме дека убивме цивил
Img 7972

Американската армија призна дека убила еден цивил и ранила тројца други во воздушен напад во Сомалија на почетокот од оваа година.

Тоа е втор извештај во новата серија квартални извештаи издадени од американската војска за воздушни напади во Сомалија и обвинувања за смртни случаи на цивили, по притисокот од групите за човекови права.

Новиот извештај ги потврдува наводите во врска со воздушниот напад на 2 февруари, пренесува АП. Тогаш беше објавено дека еден припадник на екстремистичката група Ал Шабаб е убиен во близина на Џилиб.

„Сега, кога имаме признание, мора да има одговорност и отштета за жртвите и нивните семејства“, рече Брајан Каснер од „Амнести интернешнл“.

Минатата година, групата за човекови права објавила истрага за американските воздушни напади во Сомалија, што довело до тоа САД да признаат дека убиле пет цивили и раниле шест други во три одделни воздушни напади.

САД минатата година извршија најмалку 63 воздушни напади врз Сомалија, повеќето против Ал Шабаб, кој честопати извршува смртоносни напади во главниот град Могадишу и контролира големи делови на централниот и јужниот дел на Сомалија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари