Утрински Весник
Македонија

Американската компанијата „Ки Сејфти Системс” подели 1.000 заштитни маски во Кичево

Американската компанијата „Ки Сејфти Системс” подели 1.000 заштитни маски во Кичево

Кичево, 7 мај 2020 (МИА) – Американската компанијата „Ки Сејфти Системс” (КСС) денеска низ булеварот „Ослободување” во Кичево на граѓаните им подели 1.000 заштитни маски.

-Целта на оваа акција, која ја спроведовме, е да дадеме наш допринос во борбата против коронавирусот. За да се заштитиме поуспешно од вирусот, ние денеска поделивме 1.000 заштитни маски, рече една активистка на оваа компанија во Кичево.

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС), чија фабрика е лоциран во индустриската зона,  успешно работи во Кичево. Таа произведува воздушни перничиња за автомобили за познати светски автомобилски брендови, во неа моментално се вработени над 1.000 лица. рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Филипче за Слободен печат: Потфрлувањето на оваа Влада е во секоја сфера

Жена исчезна во Карпош, семејството бара помош