Утрински Весник
Свет

Американси функционер: Русија ќе стане изолирана поради санциите ако ја нападне Украина

Американси функционер: Русија ќе стане изолирана поради санциите ако ја нападне Украина
Dik 300x250 mk

Меѓународните санкции кои би биле воведени од САД ќе доведат до изолација на Русија, доколку претседателот Владимир Путин изврши инвазија врз Украина, изјави заменик-советникот за национална безбедност во Белата куќа задолжен за меѓународна економија, Далеп Синг.

Според него, таквиот тек на настаните би ја направил Русија отфрлена за меѓународната заедница.

„Русија ќе стане изолирана од глобалните финансиски пазари и ќе биде лишена од најсофистицираните технолошки иновации“, изјави заменик-советникот за национална безбедност во Белата куќа задолжен за меѓународна економија, Далеп Синг.

Во тој контекст, тој говореше за интензивен одлив на капитал, зголемен притисок врз руската валута, зголемена инфлација, повисоки трошоци за задолжување, економски пад и ерозија на нејзиниот производствен капацитет“. Синг рече дека САД се подготвени за справување со евентуални последици доколку Русија одлучи да ги користи своите огромни енергетски резерви како одговор на западните санкции.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија