Утрински Весник
Спорт

Американецот Трент Бутрик, ново засилување за ТФТ

Актуелниот освојувач на кошаркарскиот куп на Македонија, тимот на ТФТ, го претстави Американецот Трент Бутрик за ново засилување. Тој доаѓа од редовите на Универзитетот „Масачусетс“, каде што ја помина минатата сезона, а просечно од натпревар бележеше по 10,7 поени и 6,4 скока.

dobivaj vesti na viber

„Со гордост ви го претставуваме потписот на Трент Бутрик за кошаркарскиот клуб ТФТ. Во својата прва професионална сезона Трент доаѓа од Универзитетот ‘Масачусетс’, каде што имаше просек од 10,7 поени и 6,4 скока, шутирајќи со 40-отстотна реализација за три поени. Тој е познат по својот карактер и цврстина и ние сме многу среќни што го имаме во нашиот тим“, соопштија од ТФТ.

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости