Утрински Весник
Магазин

Амброзио повторно во лежерен и опуштен стил

Амброзио повторно во лежерен и опуштен стил

Кога станува збор за летен стил, супермоделот Алесандра Амброзио е кралица на лежерните изданија.

Бразилката неделава ја помина во дружби и ручеци со пријатели во Вест Холивуд, а во средата беше забележана како заминува од студио во Лос Анџелес и носи зелен пијалок во чаша за еднократна употреба.

Алесандра (39) избра жолто здолниште со раб над колена, тренди маичка и очила за сонце со златни рамки. Едноставните рамни влечки во боја на кожа одлично се вклопуваат во целиот стајлинг.

Спортски, елегантно и модерно во исто време.

Алесандра (39) е манекенка уште од тинејџерка. Таа стана ангел на Викторија Сикрет во 2004 година, а своите крилја ги закачи во 2017 година. Убавицата е мајка на две деца – ќерката Ања (11) и синот Ноа (осум) –
со поранешниот вереник Џејми Мазур.

Последниве две години е во врска со италијанскиот бизнисмен Николо Оди.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Читањето – одмор од секојдневниот стрес

ВИ агент на „Опен-АИ“ откако сфатил дека ќе биде деактивиран, започнал да бара начин како да продолжи со работа

Теми за кои секој пар треба да разговара