Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Амбер Херд се противи на обидот на Џони Деп да одложи судски процес

Амбер Херд се противи на обидот на Џони Деп да одложи судски процес
Img 7972

Амбер Херд вербално го нападна поранешниот сопруг Џони Деп, откако тој побара од американски судија да ја одложи правната битка од 37 милиони фунти – случајот за клевета против неа – со образложение дека треба да снима филм.

„Деп треба да го стави во мирување неговиот следен филм, наместо да ја одложи битката за клевета од 37 милиони фунти“, изјави поранешната сопруга Херд.

Холивудскиот актер (57), ја тужи Херд (34) во САД поради нејзиното тврдење дека ја тепал. Ова е одделен случај од оној во Велика Британија каде што тој покрена тужба за клевета против News Group Newspapers (NGN).

Деп побара судот во Вирџинија да го одложи судењето за датум помеѓу март и јуни 2021 година, бидејќи тој треба да започне со снимање на ново продолжение на серијалот „Фантастични ѕверови“ во јануари.

Снимањето требаше да започне во јануари оваа година, но беше прекинато поради епидемијата на коронавирус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“