Утрински Весник
Македонија

Амбасадорот на Турција во земјава во посета на Карбинци и Штип

Амбасадорот на Турција во земјава во посета на Карбинци и Штип

Штип, 26 февруари 2020 (МИА) – Амбасадорот на Турција, Хасан Мемет денеска беше во посета на општините Карбинци и Штип, а при посетата на Карбинци, каде што од вкупниот број на жители 17 отсто се од јуручкиот, односно турскиот етникум, истакна дека ќе помогне во пронаоѓање на инвестиции и развојот на туризмот.

– Ние посакуваме турските инвестиции да дојдат и во вашиот регион, можеме да кажеме дека овде има голем потенцијал за туризам. Можеме да ви помогнеме и за решавање на инфраструктурни проблеми, рече Мемет.

Денешната посета во општина Карбинци беше можност амбасадорот на Турција да биде  запознат  со проблемите на тамошното турско население.

– Се запознавме со проблемите на Карбинци и плановите на Општината. Разговорот беше насочен и кон обезбедување на чиста вода за пиење, рече Јордан Насев градоначалник на Карбинци.

Амбасадорот на Република Турција денеска беше и во посета на Општина Штип и имаше средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски. вдј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема