Утрински Весник
Свет

Амбасадата на САД во Украина со провокација до Русија: Додека во Киев граделе цркви, Москва била дивина

Амбасадата на САД во Украина со провокација до Русија: Додека во Киев граделе цркви, Москва била дивина

Aмериканската амбасада во Киев упати жестока провокација до Русија, која предизвика разгорување на кризата во Украина со најава за испраќање свои војници во источните сепаратистички региони Донецк и Луганск.

Во своето обраќање до нацијата на државната телевизија во врска со украинската криза и признавањето на независноста на спорните региони, Путин рече дека модерна Украина е целосно создадена од болшевичка Русија.

Додека западните сили најавуваат воведување, а некои веќе воведоа санкции против Москва, американската амбасада во Киев, реагирајќи на изјавите на Путин, на „Твитер“ објави фотографија која заменува илјада зборови.

На фотографијата направена од повеќе слики, американската амбасада ставила неколку фотографии од цркви во Украина и од годините кога се изградени, додека Москва во тие години е претставена само како шума.

„Проблемот е што Путин мисли дека Киев е руски град“, вели еден корисник на „Твитер“, Мирон Бегунов, во однос на објавата.

„Сликите се добри, но каде се санкциите?“, прашува Ендрју Форесрер.

Путин ја призна независноста на проруските сепаратисти во Украина, напаѓајќи ги Украина и Западот, што, според него, ја претворил таа земја во сцена за војна. Тој ги обвини САД и НАТО дека ја претвориле Украина во воена зона и нагласи дека Москва стравува од распоредување трупи на алијансата во областа, посочувајќи дека Русија ја создала модерна Украина.

Можете да прочитате

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Нетанјаху бара од Гутереш веднаш да ги префрли војниците на УНИФИЛ на безбедно

Повеќе од сто земји-членки на ОН потпишаа писмо за поддршка на Гутереш