Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Амбасадата на САД во Киев со предупредување: Знајте ја локацијата на вашето најблиско засолниште

Амбасадата на САД во Киев со предупредување: Знајте ја локацијата на вашето најблиско засолниште
Img 7972

Граѓаните на САД што престојуваат во Украина треба внимателно да ги следат владините соопштенија и локалните и меѓународните медиуми во потрага по информации за променливите безбедносни услови, стои во безбедносното предупредување издадено од страна на американската амбасада.

Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика американските граѓани во Украина веднаш да заминат доколку е безбедно да го сторат тоа користејќи каква било комерцијална или друга приватна опција за копнен транспорт и соопшти дека оние што остануваат треба да се под зголемена будност поради потенцијалот за активна борба, криминал и граѓански немири.

„Американските граѓани што остануваат во Украина треба внимателно да ги следат владините соопштенија и локалните и меѓународните медиуми во потрага по информации за промена на безбедносните услови и предупредувања за засолниште“, се вели во предупредувањето, пренесува Си-ен-ен.

Овој медиум ја нарече безбедносната ситуација во Украина многу нестабилна предупредувајќи дека условите може да се влошат без опомена и истакна дека на 24 февруари руските сили нападнале големи украински градови, а украинската влада го затвори својот воздушен простор за комерцијални летови поради руската воена акција.

„Знајте ја локацијата на вашето најблиско засолниште или заштитено подрачје. Во случај на минофрлачки или ракетен истрел следете ги упатствата на локалните власти и веднаш побарајте засолниште“, стои во предупредувањето.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари