Утрински Весник
Свет

„Амазон“ утрово беше недостапен низ целиот свет

„Амазон“ утрово беше недостапен низ целиот свет
Dik 300x250 mk

Онлајн купувачите ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до мрежните продавници на платформата „Амазон“, а компанијата објави дека во меѓувреме го решиле проблемот.

Според веб-страницата „Даун Детектор“, онлајн услугите на „Амазон“ биле прекинати скоро два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на „Амазон“, пренесува „Ројтерс“.

Проблемот првпат се манифестираше минатата ноќ во САД, а утрово во поголемиот дел од остатокот на светот.

„ Некои клиенти можеби имале привремени проблеми при купувањето. Го решивме проблемот и сега сè се одвива нормално“ – рече портпаролот на „Амазон“, но тој одби да ја коментира причината за прекинот.

Ова е второ големо нарушување во функционирањето на оваа платформа за купување преку Интернет од крајот на јуни, кога корисниците исто така за кратко имаа проблем со пристапот до услугите.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците