„Нејмар и Килијан Мбапе се меѓу најдобрите фудбалери во светот и никогаш нема да си отидат од Париз“ изјави синоќа претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи по шок победата на „Светците“ со пресврт против Аталанта.
Ал Келаифи својата изјава ја даде за „Радио Монте Карло“ и потенцираше дека целта на неговиот тим е освојување на Лигата на шампиони.
„Мбапе е еден од тројцата најдобри на свет. Нејмар? Најдобар на теренот. Не сме губитничка екипа, мислам дека имаме играчи со победнички менталитет. Нашата цел е да одиме до крај“ порача првиот човек на клубот од „Паркот на принцовите“.
ПСЖ по 25 години се пласираше во полуфинале на елитно натпреварување. Далечната 1995 година Милан ги елиминираше „Светците“.
> Ал Келаифи: Нејмар и Мбапе никогаш нема да си отидат од Париз <