Утрински Весник
Спорт

Алкантара нема да игра против Борусија Дортмунд

Алкантара е близу до продолжување на договорот со Баерн

Минхен, 25 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханс Флик изјави дека играчот од средниот ред на тимот, Тијаго Алкантара, нема да има време да се опорави од оштетување на мускулите до натпреварот од 28-то коло од Бундеслигата против Борусија Дортмунд.

– Тијаго денес не тренираше. За жал, тој нема да може да учествува на дербито со Борусија, соопшти Флик.

Алкантара ќе ја промаши втората средба по ред. Тој во сабота не се најде на списокот играчи за натпревар од 27. коло од Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец заработи повреда во текот на првиот натпревар (Унион Берлин) по продолжувањето на сезоната прекината поради пандемијата.

Алкантара има три гола и две асистенции на 33 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот