Утрински Весник
Свет

Али Хамнеи: Предавството на ОАЕ кон Палестинците нема да трае долго, но стигмата ќе остане засекогаш

Али Хамнеи: Предавството на ОАЕ кон Палестинците нема да трае долго, но стигмата ќе остане засекогаш

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи ги осуди Обединетите Арапски Емирати поради нормализирањето на односите со Израел, велејќи дека дамката од овој потег засекогаш ќе се памети, пренесува РТ.

Новата критика доаѓа поради одлуката на ОАЕ да го прекинат бојкотот на Израел со воспоставување формални дипломатски врски и укинување на забраната за трговски, културни и други односи.

„ОАЕ го предаде светот на исламот, арапските нации, земјите од регионот и Палестина. Се разбира, ова предавство нема да трае долго. Владетелите на ОАЕ им ја отворија вратата на регионот на ционистите и го игнорираа и нормализираа прашањето за Палестина, што е прашање за узурпација на една земја. Оваа стигма ќе им остане”, рече Хамнеи.

Заедничка американско-израелска делегација во моментов е во посета на Абу Даби откако го оствари првиот директен лет меѓу Израел и ОАЕ. Вашингтон е посредник во преговорите за договорот.

Критичарите на одлуката, вклучително и Турција, сметаат дека тоа претставува предавство на палестинската кауза. Израелската влада во моментов планира анексија на окупираните палестински територии на Западниот Брег и покрај ветувањето за запирање на процесот дадено во договорот со Емиратите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган