Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Aлбанците-Алтернатива: Доста бевме крадени и казнувани од ДУИ за овие 20 години

Алијанса за Aлбанците-Алтернатива: Доста бевме крадени и казнувани од ДУИ за овие 20 години

Кражбите и корупцијата на функционерите на ДУИ, сега веќе и се познати и на Европска Унија, велат од Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива. Од оваа коалиција посочуваат на случајот “Јахи Јахиу“, поранешен Државен Секретар во министерството за информатичко општество и администрација и функционер на ДУИ,за кој како што информирааат од коалицијата, пред две години бил притворен за земање мито од 38 илјади евра и потоа бил ослободен во сомнителни околности.

„Притворањето се случи поради местење на тендер за проект финансиран од даноците на граѓаните од државите на Европска Унија, кои се познати како ИПА ФОНДОВИ. Покрај тоа што претставува скандал, после конечните истраги, според законите на ЕУ, нашата држава ќе треба да ги врати сите пари, целата сума колку што беше доделениот грант во износ од 1.2 милиони евра. Грантот за овој тендер треба да се врати и последиците за тоа ќе ги сносат граѓаните“, реагираат преку соопштение од албанската коалиција.

Како што велат, од сето ова произлегува дека за еден крадец на ДУИ, кој се нарекува Јахи Јахиу, којшто земал 38.000 мито од еден европски тендер, граѓаните сега ќе треба да и вратат на ЕУ 1.2 милион евра од коруптивниот договор.

„Ние, Алијанса за Албанците и Алтернатива, апелираме до правните институции да се осуди случајот и лицето да се казни, додека, фактурата да се прати до крадецот и неговата партија, а не да бидат казнети најсиромашните граѓани на Европа. Доста бевме крадени и казнувани од ДУИ за овие 20 години! Казна, а не амнестија, правда, а не корупција. Крајно време е да почне да функционира законот и правната држава“, стои во писмениот допис од оваа коалиција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт