Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците: Синоќешниот инцидент во Чаир со највисоки полициски службеници е одраз на владеењето на ДУИ

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта, велат од оваа партија.

„Тие коишто треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците. Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери“, е наведено во напишаното од страна на Алијасна за Албанците.

„Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!?“, се потенцира во писмената реакција од партијата.
Ветингот во судството, полицијата и другите сфери, како што потенцираат е повеќе од неопходен, но предходно, сугерираат дека мора да се отстранат од власт тие, кои како што додаваат, го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата.

Можете да прочитате

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје