Утрински Весник
Економија

Алијанса за Албанците: Сега е итен момент за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата

Скандалозна е изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, што значи дека акцизите за горивата ќе се намалат кога ке и текне на Владата и ги потврдуваат нашите предупредувања за грабеж на граѓаните, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Ја повикуваме Владата и споменатиот министер дека сега е време да ги прифатат предлозите на Алијансата за Албанците, за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивото, објавени од почетокот на кризата. Потсетуваме, Алијансата за Албанците предлага намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата на бензините од 22,00 денари на 15,00 денари и на дизелот од 15,50 денари на 9,00 денари, како и намалување на трговска маржа во фиксна вредност не повеќе од 3,00 денари.
Но, оваа Блада не ги зеде предвид овие предлози и сугестии на АА и понуди делумни мерки кои од 01.06.2022 година ги отстрани и истите иако беа делумни повеќе не се применуваат. Тоа уште повеќе ја влоши состојбата, па во последните денови имаме драстични покачувања на малопродажните цени“, е истакнато во пишаната информација од оваа партија.

Секој ден доцнење, како што проценуваат од Алијанса за Албанците значи поголемо поскапување на горивата и потоа секоја преземена мерка нема да има олеснителен ефект за граѓаните. Бектеши со денешната изјава, додаваат од Алијанса за Албанците, очекува цената да оди на 150 денари и потоа да се намали на 120 денари за литар. Ова не е намалување, реагираат од оваа партија, туку, како што велат, грабеж и измама на граѓаните.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло