Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците: Владата да го намали коефициентот на пресметување на платите на сите избрани и именувани функионери

Алијанса за Албанците: Добрата желба на ЕК не може да ја среди самоуништувачката стратегија на СДСМ-ДУИ

 

Скопје, 14 мај 2020 

Откако Уставниот суд набрзина реши да ја поништи одлуката на Владата за намалување на платите на пратениците, судиите и функционерите, хуманоста во ова време на криза остана во волјата и желбата на избраните и именуваните.

Досегашните практики и честата злоупотреба на народните пари, дури и сега во време на пандемија, оставаат сомнеж дека човештвото во значителен број од оваа категорија дури и не постои, а во други случаи е направено само за политички публицитет.

Ако Владата беше искрена во својата одлука да ги намали платите на 2060 државни службеници на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, како што е случајот со вработените во приватниот сектор или тие кои ги загубија своите работни места како резултат на кризата, владата треба да го направи тоа на начин нејзината одлука за да не може да се оспори од Уставниот суд.

Затоа, за да мерката „солидарност“ да не стане мерка за политичка пропаганда, туку да биде реална применлива, Алијансата за Албанците ја повикува Владата да го намали коефициентот на пресметување на платите на сите избрани и именувани од Владата и Парламентот и другите функционери, на начин што Уставниот суд не може да ја поништи истата.

Пресметката на платите со новиот коефициент на пресметка треба да е валидна сè додека важат скратените плати за вработените во приватниот сектор.

Време е за вистинска солидарност!

Алијанса за Албанците

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт