Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците/Алтернатива: Театарот во парламентот е дефокусирање од многуте криминални афери

Алијанса/Алтернатива:  ДУИ го злоупотребува училиштето во Мала Речица за време на кампања

Учеството во собраниската седница на пратениците позитивни и заразени со Ковид-19, беше уште еден скандал предизвикан на релацијата претседател на Собрание и претседател на Комисијата за заразни болести, Џафери-Караџовски, велат од Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива.

„Овој башибозлук на оваа двојка сведочи за хаотично управување и опасно за јавното здравје. Односно, господинот Талат Џафери на една телевизиска емисија изјави дека со негово барање, Комисијата за заразни болести составила еден посебен протокол за присуствување на болни пратеници во парламентот , потпишан од претседателот на оваа комисија, Др. Караџовски. Ние, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, неколку пати побаравме оставка и распуштање на Комисијата за заразни болести затоа што проценуваме дека е комисија којашто донесува политички а не професионални одлуки. Во овој случај, нашите сомневања се дека претседателот на Комисијата донел самостојно одлуки по наредба на министерот, премиерот, или претседателот на собранието обидувајќи се да придобијат политички поени создавајќи еден медиумски спектактл во собрание со пратениците облечени во скафандери“, потенцираат од оваа коалиција.

Тие потсетија уште еднаш дека бараат оставка од комисијата и создавање на една државна комисија со строго предвидени надлежности и составена од професионалци од одговорни области, како епидемиолог, инфектолог, имунолог и микробиолог.

„Овој театар што се изведува во парламентот, во храмот на демократијата, е индикатор за едно кревко парламентарно мнозинство за дефокусирање од многуте криминални афери, целосен неуспех во менаџирањето со пандемијата и паника од политичката моќ на обединетата албанска опозиција“, стои во писмениот допис од оваа коалиција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт