Утрински Весник
Свет
Img 7972

Алиев во обиколка на териториите кои му припаднаа на Азербејџан

Алиев во обиколка на териториите кои му припаднаа на Азербејџан
Img 7972

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев ги посети градовите Физули и Џебраил, над кои контролата ја презеде азербејџанската армија.

Овие градови се наоѓаат во близина на борбената зона во Карабах.

„Претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев и првата дама Мехрибан Алиева ги посетија регионите кои беа ослободени од окупација“, соопшти претседателската прес-служба.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах.

Како што се наведува во изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, страните ќе разменуваат затвореници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж линијата на контакт и долж коридорот кој го поврзува Карабах со Ерменија.

Според Министерството за одбрана на Русија, рускиот мировен контингент во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах ќе вклучува 1.960 војници, 90 оклопни транспортери, 380 единици возила и специјална опрема.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ