Утрински Весник
Спорт

Але: Непочитување е да ме прашате дали ќе играм на Африканскиот куп

Але: Непочитување е да ме прашате дали ќе играм на Африканскиот куп

Најдобриот стрелец на Ајакс, Себастијан Але, во јануари ќе учествува на Африканскиот куп. Играчот кој блескаше во Лигата на шампионите, се налутил на прашањето дали попрво би останал во клубот или би играл за репрезентацијата.

„Со ова прашање покажувате непочитување кон Африка. Дали вакво прашање би им поставиле на фудбалерите пред почеток на Европско првенство? Секако дека ќе играм на Купот на Африка. Голема чест е да се претставува државата“, изјавил 27-годишниот напаѓач.

Брегот на Слоновата коска се едни од фаворитите за висок пласман.

> Але: Непочитување е да ме прашате дали ќе играм на Африканскиот куп <

Можете да прочитате

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство