Утрински Весник
Магазин

Алесандра Амброзио ја покажа манекенската фигура во бело бикини

Алесандра Амброзио ја покажа манекенската фигура во бело бикини

Прекрасната Бразилка, која несомнено е една од најубавите жени на планетава, се најде на плажите на арапското море на луксузен семеен одмор со своите две деца и со партнерот.

Алесандра Амброзио, поранешен супермодел а сега дизајнер, одморот го помина во хотелскиот комплекс „Валдорф Асторија“ на Малдивите.

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ (39) ја покажа својата фантастична фигура во бело бикини од својот бренд костими за капење „ГАЛ Флорипа“.

Манекенката минатиот месец долета на Малдиви со своите две деца и партнерот, италијанскиот бизнисмен  Николо Оди, со кој е во врска веќе две години.

Рајот пронајден : Алесандра и Николо уживаат во луксузниот хотел на Малдиви

Алесандра има две деца, Ања (12) и Ноа (8) со нејзиниот поранешен вереник Џејми Мазур.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница