Таа е една од врвните светски супермодели со над 20 години искуство во модни кампањи, модни писти и насловни страници на списанија.
А во средата, Алесандра Амброзио ја изложи својата атлетска фигура додека позира во микро-бикини од сопствената линија „ГАЛ Флорипа“ на плажа.
Атрактивната Бразилка докажува дека сè уште останува активна и како модел и како деловна жена во неколку промотивни кадри за нејзиниот бренд костими за капење, GAL Floripa, кои ги сподели на официјалната Инстаграм-страница во средата.
Се чини дека 40-годишниот супермодел ужива во своето време на живописна плажа и гламурозни кадри.
Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ изгледот го дополни со малку накит, а косата слободно ѝ паѓа по рамениците.