Утрински Весник
Магазин

Алек Болдвин: Полиција треба да ја надгледува безбедноста на оружјето на филмски сетови

Алек Болдвин: Полиција треба да ја надгледува безбедноста на оружјето на филмски сетови

Додека Холивуд размислува за нови безбедносни мерки по фаталното пукање на снимањето на вестернот Rust, актерот Алек Болдвин во понеделникот изјави дека филмските и ТВ продукциите треба да ангажираат полицајци да го надгледуваат оружјето на сетови.

Според канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Болдвин случајно ја застрелал и ја убил снимателката Халина Хачинс со пиштол со кој вежбал за сцена со пукање, а за кој му било кажано дека е безбеден.

Властите се обидуваат да утврдат како вистински куршум се нашол во пиштолот што му го дале на Болдвин.

Инцидентот се случи на 21 октомври.

Во меѓувреме, продуцентите и актерите размислуваат дали треба да се преземат нови чекори за да се спречи слична трагедија во иднина. Болдвин смета продукциите треба да ангажираат полиција за да се осигураат дека пиштолите што се користат при снимањето се безбедни.

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус