Утрински Весник
Магазин

Алек Болдвин им се заблагодари на луѓето кои му помогнаа во многу тешко време

Алек Болдвин им се заблагодари на луѓето кои му помогнаа во многу тешко време
300x250 (7)

Алек Болдвин им се заблагодари на своите поддржувачи што му испратија добри желби додека се обидува да помине низ најтешкиот период од неговиот живот, по фаталниот инцидент на сетот на филмот Rust.

Актерот сподели видео на Инстаграм во петокот во кое им се заблагодари на сите што му пристапиле и му пружиле поддршка од крајот на октомври, кога се случи несаканиот инцидент во Ново Мексико, каде што се снимаше нискобуџетниот вестерн.

300x250 (7)

Случајното пукање на пиштол-реквизит заврши трагично за снимателката Халина Хачинс.

„Сакав да издвојам момент и да им се заблагодарам на сите оние луѓе кои ми испратија толку убави зборови и најдобри желби, сила, надеж и молитви…“, вели Болдвин во триминутното видео.

„Толку многу чувства од толку многу луѓе. Добив стотици е-пошти од пријатели, од семејството и колегите, и од луѓе кои ми посакаа сила, истрајност и добри желби. Многу сум благодарен за тоа “, рече тој.

Ss1

Можете да прочитате

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија

Поголемите раси на кучиња живеат пократко од помалите

Овие хороскопски знаци внимаваат само на сопствената корист, не се грижат за другите