Утрински Весник
Свет

Албанците протестираа против ковид мерките, Рама одговори: Кој сака да пее, нека оди во природа

Албанците протестираа против ковид мерките, Рама одговори: Кој сака да пее, нека оди во природа

Сопствениците на барови, ресторани и продавници во Валона организираа протести против затворањето во 22 часот, полицискиот час и другите мерки воведени во Албанија за да се спречи ширењето на коронавирусот, а некои учесници беа уапсени и ослободени рано утрово.

Учесниците на протестот, организиран синоќа на шеталиштето во Валона, ја испеаја химната и одбија да ги затворат своите продавници, пренесуваат албанските медиуми.

Според написите, наводно три лица, меѓу кои и една жена биле уапсени.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска по повод протестот на угостителите во Валона дека секој што сака да игра и пее ноќе може да се организира во природа и на други места каде на никого не му пречи.

„Протести поради музика? Таму нема музика, туку страшно акустично загадување каде се обединуваат десетици звуци. Правата на оние кои сакаат музика во текот на цела ноќ не можат да надвладеат над правата на оние кои сакаат да уживаат во звукот на морето навечер“, рече Рама.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција