Утрински Весник
Македонија

Албански државјанин загина по удар од воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје

Албански државјанин загина по удар од  воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје

Во битолската полиција вчера во 14.00 часот било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Пекевски: 950 евра минимална во Словенија, а храната поевтина од Македонија