Утрински Весник
Свет

Албанија ќе го предводи Советот за безбедност на ОН до крајот на јуни

Албанија ќе претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации од 1-ви јуни до крајот на тој месец, според распоредот на веб-страницата на светската организација.

Албанија е избрана за непостојана членка на највисокото тело на ОН на 11 јуни 2021 година, а нејзиниот мандат истекува на 31 декември 2023 година. Членовите ги менуваат позициите во позицијата претседавач со Советот за безбедност на ОН по азбучен ред.

Бразил оваа позиција ќе ја преземе од Албанија на 1 јули, а потоа до крајот на годината ќе бидат Кина, Франција, Габон, Гана и Индија, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг